Кога зборуваме за квалитетот на водата, честопати наидуваме на кратенката TDS.
Но што точно значи тоа и зошто е важно за секојдневниот живот, особено кога станува збор за водата што ја пиеме, користиме за готвење или за подготовка на кафе или чај?
Во оваа објава ќе објасниме што е TDS, како се мери, што кажуваат вредностите, и како може да ви помогне да донесете информирана одлука за водата во вашиот дом.
Што е TDS?
TDS значи „Total Dissolved Solids“ – вкупно растворени цврсти материи во водата.
Ова не вклучува само минерали, туку и соли, органски материи и неоргански хемикалии кои се наоѓаат во водата во микроскопска форма. TDS е важен индикатор за квалитетот на водата и влијае врз вкусот, безбедноста и утилитарната вредност на водата.
Најчести компоненти на TDS се:
- Тврдост на водата
- Натриум, калиум, флуор
- Бикарбонати, сулфати и хлориди
- Остатоци од хлор и дезинфекциски средства
Иако многу од овие материи природно се присутни и не се опасни во мали количини, прекумерното ниво на TDS може да биде знак за присуство на загадувачи, тврдост на водата или несоодветна филтрација.
Зошто е важно да се мери TDS?
Постојат неколку практични причини зошто мерењето на TDS е корисно:
- Проверка на квалитетот на водата за пиење: Високи вредности на TDS можат да укажат на присуство на хемикалии, бигор или други материи што влијаат врз вкусот, мирисот или безбедноста на водата. Иако TDS не кажува кои точно материи се присутни, тоа е добар прв индикатор.
- Следење на ефикасноста на филтрите: Ако користите систем за филтрација, мерењето на водата со TDS покажува дали филтерот работи правилно и дали е време за замена.
- Заштита на кујнски апарати: Висок TDS обично значи високо ниво на минерали, што доведува до таложење на бигор. Ова влијае на долговечноста на апаратите како кафемат, бојлер, електрично ѓезве итн.
- Контрола на вкус и текстура при готвење: Водата со висок TDS може да го промени вкусот на супи, чаеви, кафе или дури и варени зеленчуци. Во некои рецепти, квалитетот на водата е еднакво важен како и состојките.
- Лична контрола без лабораторија: TDS мерачот ви овозможува да направите брза проценка на водата без да чекате лабораториски резултати или да зависите од општински извештаи.
Кои се препорачаните вредности?
Според повеќе европски тела, општите препораки за TDS се следни:
- 0 – 30 ppm: Исклучително чиста вода
- 30 – 60 ppm: Добар квалитет
- 60 – 100 ppm: Прифатливо за пиење, но со можни несакани супстанции во водата
- 100 – 400 ppm: Не се препорачува без филтрација
- Над 400 ppm: Несоодветна за пиење
TDS сам по себе не е директен индикатор за загаденост или здравствен ризик, но секогаш кога е висока вредноста, се препорачува подетална анализа.
Како функционира TDS-мерачот?
TDS мерачот всушност не ги „брои“ цврстите честички, туку мери електрична спроводливост на водата. Чиста вода сама по себе не спроведува струја.
Кога има растворени јони (минерали и соли), тие создаваат електрична проводливост.
Уредот го користи овој принцип за да пресмета приближна концентрација на растворени супстанции, изразена во ppm (parts per million) или mg/L. Повеќето TDS метри имаат автоматска конверзија од електрична спроводливост во TDS вредност.
Како се користи?
Мерењето на TDS е едноставно и брзо:
- Вклучете го уредот и исплакнете го врвот (сензорот).
- Потопете го во чашата или садот со вода – до ознаката.
- Почекајте неколку секунди додека бројката се стабилизира.
- Прочитајте ја вредноста на екранот.
- Исчистете го уредот и вратете го во кутијата.
Што не мери TDS?
Важно е да се напомени дека TDS:
- Не кажува кои супстанции конкретно се присутни во водата.
- Не мери бактерии, вируси или микробиолошка загаденост.
- Не мери тежки метали или специфични хемикалии (освен ако тие не влијаат на проводливоста).
Затоа, TDS е добар индикатор, но не е замена за комплетна лабораториска анализа ако постои сомнеж за сериозна загаденост.
Како TDS мерачот помага во домашно одржување?
Во домаќинството, со редовно мерење на TDS можете:
- Да знаете кога да го замените филтерот.
- Да откриете разлики помеѓу водата од чешма, филтрирана и флаширана вода.
- Да одлучите дали вашиот RO или друг филтрационен систем функционира правилно.
- Да се заштитите од натрупување на бигор во машини и апарати.
Препорака: SPAR TDS мерач
- Лесен за употреба
- Пренослив (џебен формат)
- Идеален за тестирање вода од чешма, филтрирана вода, флаширана вода
- Брз и точен (покажува резултат за неколку секунди)
Во нашата веб продавница нудиме практичен и прецизен TDS мерач, идеален за домашна употреба. Уредот е:
Овој уред е совршен додаток за во секој дом, каде ќе може да следите каков е квалитетот на водата што ја пиете.
Заклучок
TDS е едноставен, но многу корисен показател за квалитетот на водата.
Со помош на TDS мерач, секој може лесно и брзо да дознае дали водата што ја користи во домот е во границите на препорачаниот квалитет.